• Sun. Nov 24th, 2024

Средношколци од Никола Карев меѓу најдобрите во изборот за лидер на струка – Атанасов лидер воградежната

ByВане Трајков

Dec 17, 2019

Согласно планираните активности од програмата за работа на Владата на република Северна Македонија минатата недела во Скопје и  Кочани се одржаа меѓуучилишните натпревари за избор на најдобар ученик – ЛИДЕР на струка од завршните години во средното стручно образование во нашата држава.

Изборот за ЛИДЕР НА СТРУКА се организира за да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините,способностите и вредностите (копетенциите) на учениците по стручните предмети во рамките на струката/одделен образовен профил од техничкото образование (со четиригодишно траење на образованието). Исто така со овие натпревари се откриваат, поттикнуваат и промовираат учениците кои се талентирани и надарени за одредена област и со тоа се помага планирањето на нивниот кариерен развој,како и соработка со социјалните партнери од соодветната област.

На одржаните натпревари ученикотАнгел Атанасов од IV-8 класго освои ПРВОТО  место,под менторство на Иванка Стоилова и Ристо Тасев и со тоа стана ЛИДЕР ВО ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА .

Од електротехничката струка ученикот Васил Павлов од IV7, профил електротехничар енергетичар , под менторство на професорите Марија Мучева Георгиева и Ѓорги Данчев го освои второто место. Ученичката Македонка Василева од IV6 клас, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика,под менторство на професорите Бошко Николов и Борислав Манчев  доби пофалница со висок број на поени.

Од машинската струка ученикот Томе Чрчев, ученик во IV3 клас , профил автотехничар мехатроничар , по менторство на професорите и Архелос Туранов и Боро Чукарскиго освоитретото место и ученикот Иле Костадинов од IV2 клас , профил техничар за компјутерско управување, под менторство на професорите Наталија Мишовска Стоилкова и Наце Манушев го освои третото место.

Од сообраќајната струка Пепи Илиев од IV5 клас, профил техничар за транспорт и шпедиција, под менторство на професорите Здравко Костадинов и Далибор Стојчев и ученикот Александар Сарамндов од IV4 клас, техничар за патен сообраќај , под менторство на професоро Миле Стојменов ,добија пофалници со одличен број на поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *