• Fri. Nov 22nd, 2024

Средношколците од Никола Карев – државни прваци а Стојан Илиев најдобар одбојкар

Средношколската одбојкарска  екипа на ,,Никола Карев,, од Струмица е државен шампион во одбојка за средни училишта. Тие денеска во големото финале го совладаа тимот на спортското средно училиште Методи Митевски Брицо од Скопје со резултат 3:0 , по сетови 25-18 25-14 и 25-16 докажувајки дека Струмица е најголемиот расадник на млади и квалитетни одбојкари 

На државното првенство што се одржа во Прилеп учествуваа вкупно шестсредношколски екипи и тоа од Струмица, Велес, Скопје, Крушево и Прилеп а одбојкарот од СОУ ,, Никола Карев,, Стојан Илиев е прогласен за најдобар играч на завршницата од ова средношколско одбојкараско натпреварување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *