Во земјоделската струка при СОУ “Гоце Делчев” во Валандово, активно тече процесот на производство на вино, како и подготовките за призводство на сок од калинка и сеидба на зелена салата, зелка и житни култури.Во моментот, училиштето инвестира во нов ладилник за потребите на практичната настава, а во претходниот период целосно беше опремено со машини за производство на сок од различни видови на овошје. Целта на овие инвестиции е да се обезбеди квалитетен и сеопфатен образовен процес на учениците и нивна адекватна квалификација за излегување на пазарот на труд.