• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео-Средношколки од Јане Сандански наградени од Фондот за иновации за идејата – ресторан за здрава храна

Пет средношколки од трета година при СОУ ,, Јане Сандански ” од Струмица, победија на натпреварот за иновативни проекти на Фондот за иновации и технолошки развој со идејата за отварање училишен мини ресторан за подготовка и продажба на здрава храна како училишна компанија во делот на социјалното претприемништво. 

Станува збор за ученичките Верица Ахтарова, Миа Јанева, Ивана Трајковска, Лина Стојанова и  Викторија Даниловска кои под менторство на професорките Стаменка Џорлева и Македонка Манушева разработија проект ,, Биди зелен ти,,  преку кој  сакаат да ги едуцираат своите врсници за здравата храна но и да функционира ресторан со онлајн порачки

Идеата е да постои мини ресторан во училиштето кој ќе набавува намирници од СОУ,, Димитар Влахов,, социјалното прептријатие ,,Покров” но и од рурални домакинства производители на органски производи кои ќе се преработуваат во училиштетоп и да се врши продажба на готови производи на средношколците од Јане Сандански. Целта е да се подигне јавната свест за здравата храна како услов за здрави генерации

Екипата на Јане Сандански од Струмица доби награда од 2000 евра од Фондот за иновации за да целосно се разработи проектот. Директорката Невенка Стојанова кажа дека нема да се откаже од идејата да се отвори мини ресторан во школото за здрава храна

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *