• Fri. Nov 1st, 2024

Средношколките од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица учествуваа во активности посветени на женското здравје

ByЃ. K.

Nov 25, 2023

Средношколките од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица учествуваа во активностите на Скај Плус Струмица како дел од проектот „по сигурен пат до безбедна иднина“ финансиран од Општина Струмица.

Професорката Елена Депинова и фармацевтскиот техничар Тања Гушев го имаа воведниот дел од предавањето во кој преку практични примери им објаснија на девојчињата како да го заштитат женското здравје. Правилна здравствена хигиена, превенција и лекување на болести, рана детекција и превенција од сексуално преносливи болести, ран скрининг, менструална хигиена и правилен начин на исхрана и употреба на додатоци во исхраната.

Стојне Митева, психолог и гешталд терапевт надоврзувајќи се на темата за женското здравје ја нагласи потребата од важноста и за менталното здравје на девојките со посебен акцент за нужноста од препознавањето на насилството во секаков вид. Паралелно на ова токму во средните училишта во Струмица ќе бидат поставени кутии со поголем број на хигиенски влошки во женските тоалети, а на истите ќе има насоки како и каде да пријават семејно насилство, па така не само што ќе го заштитат сопственото физичко здравје ќе можат соодветно и правилно да ја насочат жртвата кон надлежните со цел надминување на истото.

Проектните активности во оваа фаза ќе продолжат и во останатите средни училишта.

By Ѓ. K.