Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска престојуваше во општина Ново Село каде се сретна со градоначалникот Никола Андонов . Тој беше во посета на граничниот премин Ново Село каде се сретна со цариниците и полицајците кои беа на обука во Франција а во општината со првиот човек на Ново Село разговараа за можноста за воспоставување соработка посебно во делот на агросекторот
Градоначалникот на Ново Село Никола Андонов на средбата ги презентирал потенцијалите на општината но и реалните потреби што ги има ова општина. Било истакнато дека како мала општина постојано се бараат средства за реализација на инфраструктурни проекти