• Sat. Nov 23rd, 2024

Средба на претседателот Пендаровски со надбискупот Пол Ричард Галагер

ByВане Трајков

Jun 18, 2022

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите. На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.

На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество, се наведува во соопштението..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *