• Fri. Nov 22nd, 2024

Средба на Министерката Шахпаска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денес се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на која се зборуваше за потребата  од поголема социјална и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и унапредување на нивните работничките права.

Од страна на претставниците на ССНМ беа посочени предизвиците со кои се соочува оваа фела, ризиците по здравје на медумските работници, условите за работа, работата во смени и прекувремена работа, исполнителноста на обврските од страна на работодавачите на договорите за вработување и потребата  од предвремено пензионирање односно од бенефициран стаж, се вели во писменото соопштение.

Министерката Шахпаска изрази подготвеност за дијалог и соработка со сите засегнати страни при подготовка на измените и дополнувањата на драфт-верзиите на Законот за ПИО и Законот за работните односи и укажа на повеќе решенија коишто би биле вградени во законски рамки. Воедно таа  изрази силно уверување дека Министерството за руд и социјална политика  и релевантните институции ќе бидат партнери при надминување на предизвиците коишто беа дискутирани на средбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *