Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес оствари средба со претседателот на ЛД „Фазан“ Василево, Ице Стоев и дел од членовите на која главно е разговарано за продолжување на меѓусебната соработка и поддршката што ова ловно друштво ја има од општината, се вели во писмената информација од Општината.
„Денес, во посета на општина Василево беа претставници од ЛД „Фазан“ од Василево, со кои општината во континуитет, традиционално има одлична соработка. Истата ќе продолжи и во понатамошниот период. Бев информиран за предизвиците и проблемите со кои се соочува ловечкото друштво, како и со планираните активности за наредниот период. Следна активност на агендата на ЛД Фазан е организаирање на традиционалната ловелка вечер. На задоволство на сите љубители на овој спорт се договоривме општина Василево да ја поддржи организацијата на овој настан кој се одржува секоја година како заокружување на ловната сезона“, изјави градоначалникот Андонов, по средбата со претставниците на ЛД „Фазан“ од Василево.