• Fri. Nov 22nd, 2024

Србите издоминираа: Ивана Вулета освои злато, а Ѓоковиќ се издигна како феникс на Мастерсот во Синсинати!

ByЃ. K.

Aug 21, 2023

Српската атлетичарка Ивана Вулета ги сподели своите впечатоци по освојувањето на златниот медал на Светското првенство во атлетика. Таа во Будимпешта, во скок во далечина со резултат 7,14 метри постави нов државен рекорд и го освои златото.

„Толку долго го чекав овој момент. Конечно да го освојам тој златен медал и да скокнам нов личен рекорд, тоа е најубавиот остварен сон. Ова е потврда дека искуството е всушност мојот најголем сојузник. Не се сомневав дека сум подготвена за тоа. Само чекав се да се поклопи едно со друго. Атмосферата беше како да се натпреварувам дома. Имав поддршка од девојките со кои скокав. Ова се навистина моменти за кои вреди да се живее. Кога ќе го доживеете најубавото нешто, со присуство на вашите најблиски, секој кој поминал низ него знае колку е апсолутно бесценето.

Новак Ѓоковиќ пак, по четири часа игра го победи Карлос Алкараз со 5:7, 7:6(7), 7:6(4) со чудесен пресврт во финалето на Мастерсот во Синсинати. На доделувањето на трофејот, Ѓоковиќ најпрво имаше пофални зборови за Алкараз.

„Човече, момче! Никогаш не се откажуваш. Господи Боже! Го сакам тоа кај тебе, но понекогаш посакувам полесно да играш некој поен“.

Новак потоа го коментираше натпреварот.

„Лудо, не знам што друго да кажам. Тешко е да се опише се што јас и тој доживеавме на овој натпревар. Ова е најтешкиот натпревар во мојата професионална кариера. Неверојатно. Од почеток до крај. И двајцата поминавме низ толку многу, неверојатни поени, лоши игри, шутеви, кревања, враќања. Не се сомневав дека можам да испорачам кога е најважно. И јас сум воодушевен“.

Тој повторно ја изрази својата почит кон својот ривал.

„Видовте, сите што го гледаа ова на стадионот и на телевизија, дека ова ривалство се подобрува. Почит кон него. Тој покажува храброст во такви моменти, тоа е импресивно“.

By Ѓ. K.