• Fri. Nov 22nd, 2024

Србинката Тамара Благојевиќ е новото засилување во Наковски волеј

ByЃ. K.

Jan 27, 2024

Србинката Тамара Благојевиќ на позиција среден блокер е новото засилување во тимот на Наковски волеј.

Искусната 29-годишна Тамара досега успешно ги бранеше боите на повеќе српски клубови и ќе биде вистинско засилување во Наковски волеј. Тимот со сериозни амбиции влегува во претстојните натпревари и уверени се дека Благојевиќ ќе го даде својот максимум за успешна во реализација на пролетниот дел од сезоната.


„Среќна сум што ќе бидам дел од тимот на Наковски волеј. После вториот одржан тренинг чувствувам дека одлично ќе се вклопам во тимот. Морам да кажам дека сум изненадена од квалитетот и динамиката со која се игра одбојката овде. Верувам дека ќе дадам голем придонес во остварување на зацртаните цели на тимот – освојување на КУП и шампионската титула“ – рече Тамара после тренингот.

By Ѓ. K.