Списоци со малолетници – одбојкари од Струмица наводно позитивни на
КОВИД – 19 се вртат низ социјалните мрежи и ги вознемирува децата и
нивните семејства. Списоците се споделуваат бидејќи пред извесно време
две девојчиња се регистрирани како позитивни па целиот клуб е во
изолација. Од клубот Виктори волеј велат дека засега сите се
чувствуваат добро и периодот на изолација истекува за ден, два.
Претседателот на клубот објаснува дека ќе поднесе кривична пријава
против непознат сторител бидејќи е нарушен угледот на клубот и на
децата.
Последниве два дена во Струмица има 24 новорегистрирани на КОВИД – 19
и најголемиот дел се на возраст од 15 до 30 години.