• Fri. Nov 22nd, 2024

Спиро Ристовски: Ги почитуваме одлуките на Милошоски и Петровски

Претседателот на организацискиот одбор на Конгресот на Вмро Дпмне, Спиро Ристовски, вели дека како партија ги почитуваат одлуките на дел од партиските функционери да не учествуваат на Конгресот на партијата. Според него, треба да се биде отворен за различните мислења. Во изјавата за медиумите пред почетокот на Конгресот, Ристовски рече дека Конгресот се одржува согласно одлуките на партиските тела. на последните состаноци, Извршниот и Централниот одбор не ја измениле одлуката за одржување на Конгресот на 22 и 23 декември, па затоа овој викенд се реализира закажаниот Конгрес.

Тој очекува доволен број делегати за одржување на Конгресот и два дена конструктивна дебата, по што Вмро Дпмне ќе добие нов претседател и лидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *