• Fri. Nov 22nd, 2024

Спасовски: Најмногу до шест месеци странските возила може да престојуваат

ByВане Трајков

Mar 25, 2022

Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина заради тоа што се движат.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања каква е законската регулатива, колкав временски период може да се управуваат моторни возила со странски регистарски ознаки на територијата на нашата држава, дали МВР врши контрола над овие возила и дали во тој период од шест месеци освен патарина овие возила плаќаат некакви давачки на државата.

Спасовски нагласи дека нема промени во делот на граничното управување, има посебни законски членови за царинско работење, а МВР соработува со Царинската управа.

– Апсолутно никој нема ништо против никого во државата, меѓутоа сакаме тоа што е Закон, така како што се почитуваат во другите држави, да се почитува и овде, изјави министерот Спасовски по денешната посета на СВР Струмица и средбата со градоначалникот Костадин Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *