Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа од Лигата на Европа. По победите над Азербејџан и Албанија, четата на капитенот, струмичанецот Никола Ѓоргиев беше убедлива и против Шведска. Скандинавците претрпеа пораз со резултат од 3:1. И во овој дуел блескаа браќата Ѓоргиеви а свое шоу имаше и младиот Филип Маџунков секогаш стандардниот Александар Љафтов, искусниот Владо Милев. Тука беа Михаилов, Урдов, Наков сите струмичани кои се столбот на македонската репрезентативна одбојка.
Вториот турнир ќе биде во Албанија а целта на Македонија е пласман во Ф4 од Лигата на Европа и освојување на ова лига по минатогодишното сребро.