Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.
Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.
Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.