• Thu. Nov 21st, 2024

Со скратен буџет ќе се украсува Струмица

И годинава Струмица ќе има празничен изглед, но, скромен. Така најави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Тој за Канал ВИС рече дека градот треба да има новогодишно руво, ама за него нема да издвојат голема сума пари. Ќе се украсува во рамки на ланскиот буџет. Околу 400 илјади денари ќе чини празничната магија на струмичани. Оваа година исто така ќе се постави и божиќниот базар на плоштадот со што ќе се организираат повеќе настани за секојдневна забава на струмичани.

За избор на фирма што ќе го украсува градот ќе се распише тендер. Минатата година исто така градот беше минимално украсен.

Струмица низ годините имаше импресивна новогодишно-божиќна глетка. Но, последниве години со почетокот на кризата од пандемијата, па енергетската криза, општината реши да штеди на луксуз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *