Со прекрасен концерт на Каролина Гочева, пропратен со велелепен огномет, во организација на Рудниците Бучим и Боров Дол и општина Радовиш, беше одбележан 28-ми август, Денот на рударите.
Граѓаните имаа можност да уживаат најпрво во прекрасната музика на предгрупата South Park, a потоа следуваа: поздравните говори на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец и Генералниот Директор на рудниците, Александр Раков, огнометот и одличниот настап на Каролина Гочева.
Од Општината истакнаа дека посакуваат ова да прерасне во долга традиција и сите заедно во иднина да се радуваме и заеднички да ги прославуваме празникот Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите.