• Sun. Nov 24th, 2024

Со правилна употреба на пестицидите ќе имаме здрава и квалитетна храна, вели професор д-р Душан Спасов

Пестицидите се нужно зло во земјоделското производство, но со нивна правилна употреба ќе имаме квалитетна и здрава исхрана, вели професор д-р Душан Спасов. Иако се штетни, тој смета дека се многу потребни и корисни за земјоделското производство, бидејќи се користат против болести и штетници кои ги напаѓаат производите.

Пестицидите се користат во т.н конвенционално производство, каде се води голема грижа околу контролата на нивна употреба. Примената на истите е многу важна, бидејќи освен директни штети, болестите кај растенијата можат да предизвикаат и индиректни штети.

Голем дел од нашите земјоделски производители веќе водат грижа за правилна употреба на пестицидите, вели Спасов.