Нема конкретен одговор од што починала 83 годишната старица од Струмица која синоќа беше пронајдена мртва во нејзината куќа. Неколку часа синоќа траеше увидот на полицијата и јавното обвинителство при што беше и блокирана една од улиците….. Полицијата и денес го обезбедуваше домот во кој жената сама живеела. Полициски службеници и денес прибираа докази од двата влеза кон семејната куќа. Соседите раскажуваат дека жената вчера била на црква за празникот Св. Јован и разбрале дека била пронајдена мртва во својот дом
Од основното јавно обвинителство од Струмица информираа дека телото е предадено на обдукција и не можат да излезат официјално кои се причините за смртта на 83 годишната старица. Полициајта соопшти дека пријавата кај нив стигнала од болницата откако блиски роднини на жената повикале брза помош