Со изложба на делата создадени од младите ликовни учесниците на ликовната работилница, со која раководеше еминентниот струмички ликовен уметник и педагог Митко Тошев, синоќа пред библиотеката „Благој Jанков Мучето“ заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал“.
Учесниците на оваа бесплатна работилница имаа можност да совладаат неколку техники на сликање, со кои во иднина ќе може подобро да ја покажат својата креативност и да ја преточат во нивни дела.