Со презентација на планираните активности во Валандово, почна имплементација на проектот “3Еm“ финансиран од програмата за прекугранична соработка со Грција за што ЕУ додели 1 419 000 евра. Во проектот се вклучени општините Валандово, Радовиш од македонска и општините Серес и Флорина од грчка страна. Во Валандово се планира реконструкција детската градинка Калинка а во Радовиш училиштето во село Ињево
Со реконсрукцијата на овие јавни згради градоначалниците на Валандово и Радовиш, Перо Костадинов и Герасим Конзулов очекуваат подобрена енергетска ефикасност на зградите за 30%, намалување на емисиите на стакленички гасови истите за 5%, подобрување на капацитетот на општинската администрација во промовирањето на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија и зголемена свест кај локалното население за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикаснот на јавната инфраструктура….