Во април годинава се очекува да почне со реконструкција улицата ,,Први мај,, во Валандово која впрочем преставува дел од магистралниот патен правец кон Гевгелија и Скопје. За општинските власти ова улица преставува тесно грло и со средства од Светска банка ќе се врши реконструкција во должина од 350 метри со цел да се зголеми безбедноста на овој патен правец
Првиот човек на Валандово Перо Костадинов вели дека договорот е потпишан пред Нова година и во тек се подготовките за отпочнување со реализација која треба да траеод 60 до 90 дена. Со реконстуркцијата, ова улица ќе биде булеварско решение и во голема мера ке се подобри безбедноста во сообраќајот но и за пешаците, со оглед дека таа делница од350 метри преставува црна точка.
Средствата за реконструкција на ,,Првомајска,, се грант од Светска Банка а целиот проект чини околу 260 илјади евра што значи нема да преставува финансиско оптоварување на Буџетот на општината