Синоќа во рамки на програмата на Струмица опен фестивал се одржа поетска и вечер на афоризми. Вечерва е резервирана за македонскиот фолклор. Во ритамот со традицијата „Фолклорна Низа“ ќе се претстави на СОФ2022 со повеќе кореографии од богатиот македонскиот фолклор.
Програмата ќе ја збогатат гостите Сушевски бисери од Сушево и КУД Гоце Делчев од Босилово изведувајќи два сплета македонски ора. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во градскиот парк.