Со победите против одбојкарските тимови на скопското и битолското средно училиште Јосип Броз Тито, средношколската одбојкарска екипа на училиштето ,,Јане Сандаски“ од Струмица го освоија Државното првенство во одбојка за средни училишта. На финалниот турнир во Струмица средношколците предводени од професорот Гоце Кончалиев прво славеа против скопскиот состав со 2:0 во сетови (25:15, 25:18) а потоа беа убедливи и против против тимот на Јосип Броз Тито од Битола исто така со 2:0 (08:25, 16:25).