Краток филм, најдобра поетска творба, и најдобар штанд се категориите во кои учениците од средното училиште „Димитар Влахов„ се покажаа како најуспешни на „Образовното рандеву 2018“. Наградени беа и во други области, со што вкупно се вратија со шест награди. Тие добија медали и за категориите најдобра видео реклама, соло пеење и интервју за работа.
Иако во категорија соло пеење, училиштето ја доби третата награда, менторот Илија Даов рече дека се чуствуваат како морални победници. Според него, резултатите од оваа категорија се нереални.
На „Образовното рандеву 2018“ , кој викендов се одржуваше на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, учествуваа 35 средни училишта.
Учениците од СОУ „Димитар Влахов“ освоија и над 12 награди на 54-от Државен натпревар на млади истражувачи во повеќе области.