• Sat. Nov 23rd, 2024

Состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика посветен на актуелните случувањата во Авганистан и потенцијалните импликации врз нашата држава и регионот.

На состанокот, што се одржа во рамки на стратешкиот проект на МНР – Рефлексија 2030, воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ги сподели своите размислувања на темата и резимираше околу улогата на Република Северна Македонија наспроти геополитичките поместувања во Авганистан и поширокиот регион.

“Случувањата во Авганистан, но и замрзнатите конфликти во регионот на ОБСЕ, укажуваат дека несигурноста и непредвидливоста преостануваат интегрално и предоминантно одбележје на меѓународното милје и безбедносна реалност и дека истите феномени ќе продолжат да ги диктираат глобалните политичко-безбедносни процеси.

Република Северна Македонија како полноправна земја-членка на НАТО и иден претседавач со ОБСЕ, најголемата светска регионална безбедносна организација претставува сериозна алка во системот на колективна безбедност. Фактот дека сме проактивен актер во меѓународните односи ни овозможува да работиме на спроведување на нашата безбедносна агенда, но истовремено и на нашето позиционирање како одговорен актер во меѓународните односи.

Денешниот настан е всушност дел од активностите кои ги преземаме во функција на зајакната приправност, стратешко антиципирање и адаптабилност во насока на навремено утврдување на политичките насоки на делување нa адекватен одговор.” – изјави МНР Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *