Во полицијата во Струмица жена пријавила дека била натепана од сопругот, но исто така и сопругот ја пријавил својата сопруга дека бил натепан од неа.
Вчера во 11.45 часот 33-годишна жена пријавила дека околу 9 часот во домот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. Исто така, во 22.45 часот 38-годишен маж пријавил дека околу 2 часот во домот бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.