• Fri. Nov 22nd, 2024

Сообраќајно ќе се поврзе Гевгелија со преминот „Богородица“ со ревитализација на стариот автопат

СООБРАЌАЈНО ЌЕ СЕ ПОВРЗЕ ГЕВГЕЛИЈА СО ПРЕМИНОТ „БОГОРОДИЦА“ СО РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРИОТ АВТОПАТ.

Гевгелија ќе добие дополнителна сообраќајна врска со граничниот премин „Богородица“, покрај досега единствената која водеше преку меѓународната автопатна делница. Имено, по изградбата на новата автопатна делница, стариот автопат беше затворен, а со тоа и пристапот до изградените објекти во близина на граничниот премин, како и археолошкиот локалитет „Вардарски Рид“. Затоа, Советот на Општина Гевгелија на последната седница донесе одлука за измена на трасата на линискиот инфраструктурен објект за дополнително сообраќајно поврзување на градот со граничниот премин Богородица.
Со оваа одлука се создаваат услови за ревитализација на стариот автопат, уредување на ново сообраќајно решение преку кружен тек и поврзување со сообраќајната клучка кај Милци. Изградбата на оваа сообраќајна клучка се уште не е завршена, изграден е натпатник и дел од сообраќајната инфраструктура. Останува да се завршат веќе започнатите приодни сообраќајници. Со оваа сообраќајна клучка се обезбедува сообраќајно поврзување на двете страни од автопатот, а тоа значи дека за да преминат од едната на другата страна, возилата не мора да одат дури до преминот „Богородица“.
Додека, пак, со ревитализацијата на стариот автопат ќе се обезбеди дополнително поврзување на Гевгелија со преминот „Богородица“. Тоа значи дека гевгеличани, но и сите други гости кои престојуваат во градот, за да стигнат до граничниот премин, повеќе не мора да излегуваат на автопатот. Ваквата дополнителна сообраќајна врска е од посебно значење за неколкуте туристичко-угостителски и стопански капацитети во близина на стариот водовод. Секако, и за археолошкиоот локалитет „Вардарски рид“ кој исто така располага и со туристичко-рекреативни содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *