Околу 12 часот и 30 минути се случи сообраќајна несреќа на булевар „Маршал Тито“ во центарот на Струмица.
Возило марка Ауди движејќи се од кружниот кај Поштата кон Глобал удрил во возило што се вклучувало во сообраќај. Според очевидците повреден е возачот во Аудито, и возачот и сопатниците во другото возило. Екипи на Итната помош повредените ги транспортираа до Општата болница Струмица.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.