На магистралниот патен правец Струмиа-Радовиш претпладнево од засега непознати причини се случи сообракајка во која учествуваа четири возила односно се судрија две со две возила на раскрсницата кај Василево. Според првичните информации три лица со повреди се префрлени со возило на брза помош и биле префрлени во болницата.
На местото на настанот излезе екипа на СВР Струмица која изврши увид за да ги утврди причините за сообракајката. Паралелно сообраќајот на патничките и товарните возила кон Струмица и Радовиш го пренасочија по споредниот пат.