Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Од попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе изнесува 7.