Итно и без одлагање да се изврши усогласување на платите во образованието согласно минималната плата за 2023 година, бараат од СОНК, откако, како што велат, власта не ги испочитува просветните работници до крај.
Понудата од владата до синдикатите за повисоки плати за 10 отсто и исплата по 10 илјади денари К-15 за 2023, која треба да се усвои на Економско-социјалниот совет, не е прифатлива за СОНК. Спроведување на колективните договори во основното и во средното образование, а не само покачување на платата за 10 отсто побара и Независниот синдикат за
Од Владата информираат дека новата методологија за пресметка на платите во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.
– Со ова, по 17 години ќе се донесе нов општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според договорот, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30% од просечната нето-плата – вели Владата.
образование и наука.
– Советот на СОНК донесе заклучок дека општиот колективен договор за јавниот сектор е неприфатлив за членовите на СОНК, особено од дејноста образование – информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на Фејсбук.