• Thu. Nov 21st, 2024

Советот на Општина Струмица денеска ја одржа 37 седница

ByЃ. K.

May 29, 2024

Одржана е уште една успешна седница на Советот на општина Струмица, овојпат 37 по ред, на која советниците расправаа и одлучуваа по девет точки од дневниот ред.

„Презадоволен сум од советничкото „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2024 г., извештај кој ја покажува и докажува посветеноста на Општина Струмица.

Благодарение на соработката со досегашната власт и општина Струмица беа обезбедени во два наврати еднаш 60 милиони втор пат 65 милиони денари во однос на социјалната населба.

Симбиозата на соработка локална власт со центарлна власт и законодавна власт предводена од новиот претседател Африм Гаши и пратениците од сите партии се надевам ќе продолжи“, напиша градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.