Завршните сметки на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ Василево и „Атанас Нивичански“ Нова Маала, завршната сметка на детската градинка „Прва радост“ како и Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД„Турија“ за 2015 година, беа дел од предлозите на вчера одржаната Вонредна седница на Советот на општина Василево. По дискусијата главно околу Извештајот за работењето на јавното комунално претпријатие Турија, неговата годишна сметка и Одлуката за покривање на загубите од мината 2015 година, со мнозинство од 8 гласови „за“ и 3 „против“ советниците ги усвоија предлозите.
Со истото мнозинство беше усвоен и Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на на локалните патишта и улици во општина Василево за 2015 год. Советниците беа едногласни единствено за Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на УП во општина Василево за 2016 година, која воедно беше и последната точка од дневниот ред на оваа Вонредна седница.