• Fri. Nov 22nd, 2024

Советот на етика алармира медиумите да не шират шпекулации за време на пандемија

ByВане Трајков

Jun 11, 2020

Советот за етика во медиумите (СЕММ) продолжува да реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот. Едностраното и шпекулативното известување во вакви услови може дополнително да ја зголеми вознемиреноста и паниката и да поттикне нерационално однесување од страна на граѓаните.  

Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 47 случаи на непрофесионално и неетичко известување. Од нив, најголем дел (31 жалбa или 66 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот. Прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите, кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 39% од пријавените случаи, додека прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање е утврдено во 35% од пријавените случаи.

Здружението Скај плус од Струмица со месеци имплементира проект за медиумска писменост при што укажуваат на младите дека треба да внимаваат и критички да реагираат за пласирање на непроверени вести и вести со сензационалистички наслови .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *