Поголеми контроли на локациите со урбана опрема, охрабрување да се пријавуваат лицата кои ги уништуваат но и едукација на населението за потребата од чување на истата. Ова се наметна на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција на Струмица кој секој месец заседва и носи заклучоци во интерес на заедницата. Освен урбанaта опрема во фокусот беше и трговијата со старо железо на улицата Антон панов
За да се заштити направеното не се искчучува и можноста од воведување на видео надзори на локации каде се појавува демолирање на урбаната опрема, кажа градоначалникот Костадинов. Тој смета дека прво треба да се види законската легислатива заради заштита на личните податоци но доколку не постои пречка не ја исклучува можноста и за видео надзор
Првиот човек на СВР Струмица Томе Весев кажа дека поставувањето на видео надзори на јавни површини ќе придонесе и до намалување на вандализмот кон урбаната опрема
Лоакалниот совет за превенција како прва одлука ја донесе отстранвуањето на дивите продавачи во централното градско подрачје, појава која со години беше присутна но овие месеци беше значително намалена