• Sat. Nov 23rd, 2024

Смоквијада 2019: Концерт на Хари Мата Хари

ByВане Трајков

Jul 30, 2019

Годинашниот фестивал на смоквата – Смоквијата 2019,која се одржува во Гевгелија, покрај најдобро свареното слатко од смокви, на бројната публика ќе и понуди и вистинско музичко слатко доживување – Концерт на ХАРИ МАТА ХАРИ. Балканскатра звезда Хари Варошановиќ ќе настапи на крајот од манифестацијата, на концертот што ќе се одржи во саботата, на 31 август 2019 година, на ракометното игралиште во Градскиот стадион во Гевгелија. Балканската ѕвезда Хари Варошановиќ ќе одржи концерт, како дел од славењето на деновите на смоквата во Гевгелија на ракометното игралиште. Здружението на граѓани „ТеРа“ од Гевгелија, кое по тринаесетти пат ја организира манифестацијата Смоквијада, најавува музички спектакл како дел од славењето на деновите на смоквата во Гевгелија.
Заради зачувување на традиционалните вредности на регионот, но и популаризација на истите, организаторот годинава ја прошири манифестацијата со неколку програмски активности. Започнува на 29 август 2019 година со Дегустација на производи од зрели смокви, со цел да се презентираат специјалитети што можат да бидат направени или содржат зрели смокви. Веднаш потоа ќе се одржи Смоквијада на зајдисонце – забава за млади поддржувачи на манифестацијата.
На 30 август 2019 година ќе се случи Традиционално варење слатко од зрели смокви. Заради запазување, но и зачувување на стариот начин на готвење слатко од зрели смокви, натпреварувачките екипи ќе бидат составени од по два члена, пред очите на публиката, на ракометното игралиште ќе го варат слаткото од зрели смокви. Екипите ќе се пријавуваат на претходно објавен конкурса, посебна комисија ќе го оценува свареното слатко по претходно утврдени и стандардизирани критериуми. Најдоброто слатко ќе биде прогласено на 1 септември, недела, на денот на одржување на предавањето за нутритивните својства на смоквата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *