• Fri. Nov 22nd, 2024

Сметките за струја им се петкратно зголемени на општините, затоа бараат Владата да ја покрие разликата

Сметките за струја им се петкратно зголемени на општините, затоа бараат Владата да ја покрие разликата

Претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, денеска побара Владата итно да им даде финансика помош на Општините кои поради економската криза се наоѓаат во тешка состојба. Како што кажа Арсовска, на втората седница на ЗЕЛС било заклучено дека Општините нема да можат да ја издржат сегашната цена на стујата, бидејќи сметките им се петкратно зголемени.

„Владата да преземе одговорност и да помогне на Општините. Не е време за политички игри, сите Општини се наоѓаат во аларментна состојба. Како што кажаа градоначалниците, сметките за струја сега само за два месеца им се колку буџетот за оваа намена за цела година. Нарушена е ликвидноста, а можни се рестрикции кои можат да предизвикаат прекин на услугите кон граѓаните, особено од јавните претпријатија. Бараме Владата да интервенира односно да се даде помош за да се покрие разликата во цената на струјата. Сметаме дека состојбата со цената на електричната енергија не е ставена под контрола како во другите земји. Нема правила на пазарот, а тие правила ги диктира Владата и Регулаторната комисија за енергетика“, рече Арсовска на денешната прес-конференција во ЗЕЛС и дополни дека испратиле барање за средба со Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *