• Thu. Nov 21st, 2024

Дури пет екипи од Југоистокот ќе играат следната сезона  во Втората фудбалска лига. ФФМ го дефинираше изгледот на двете Втори лиги во македонскиот фудбал, Запад и Исток за натпреварувачката 2017-2018 согласно промените во Статутот на ФФМ кои ќе бројат по десет екипи

Во источното друштво  следната сезона ќе бидат екипите на Хоризонт Турново од Турново, Беласица од Струмица, Плачковица од Радовиш, Победа од Валандово и Кожуф од Гевгелија што значи дека ќе има повеќе регионални дерби натпревари. Освен овие пет екипи во Втората фудбалска лига исток ќе бидат и тимовите  на Брегалница од Штип, Тиквеш од Кавадарци, Осогово од Кочани, Борец од Велес

Енигма е последниот патник кој ќе биде познат откако Саса и Превалец ќе одиграт бараж натпревар. Според многумина Втората лига исток ќе биде доста квалитетна со оглед на имињата и градовите кои своевремено беа фудбалски центри

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *