Пандевци забележаа значајна победа во трката за висок пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. На гостувањето во Тетово , пандевци го надиграа шампионот Шкендија и со голот на Марио Крстовски славеа победа при што освоија драгоцени нови три бода на своето конто. Шампионот се обидуваше да извлече поволен резултат но избраниците на Југослав Тренчовски не дозволија израмнување и резултатски пресврт. Со ова 9 победа Академијата на Горан Пандев има вкупно 29 бода и се на третата позицијиа веднаш зад Шкендија и Вардар со кој во недела ќе го играат дербито од последното есенско коло
За разлика од пандевци , струмичките сино бели одиграа доста слабо во дуелот со Работнички од Скопје кој ги однесе трите бода од страдионот Младост. Гостите уште во третата минута ја најавија победата кога Херера ја затресе мрежата на Вугринец. Беласица се обиде преку Дробаров но не донесе израмнување по што следуваше казната од Филип Петковски кој во 39 минута зголеми на 2:0. Кончените 2:1 ги постави домашниот Вусљанин кој во судиското надполнување постигна гол
Со овој пораз Беласица останува на претпоследната позиција со вкупно 17 бода. Следното коло е во недела Беласица и гостува на Шкупи а Академија Пандев го пречекува Вардар што ќе биде и дерби на 18 коло од првата лига