Слаба излезност на референдумот во општина Босилово за или против рудници. До 13 часот според информациите на ОИК излезноста е 7,78 % од запишаните 12 301 граѓанин со право на глас, кои имат право да се изјаснат на 19 избирачки места
Жителите на општина Босилово денеска на референдум се изјаснуваат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.
За референдумот да биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас.