• Thu. Nov 21st, 2024

Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19

By

Dec 20, 2021

Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 на фирмата „Модерна“ која не е одобрена за употреба за нивна возраст.

Според зборовите на надлежните, неколку деца во регионот Олпа во покраината Северна Рајна-Вестфалија примиле доза „Модерна“ иако за тие години е одобрена само вакцината на „Бајонтек“.

„Родителите на децата веднаш се известени за инцидентот“. се наведува во соопштението.

На барање на родителите, инцидентот е пријавен во полиција. Не е објавен податок за бројот деца кои примиле прва доза погрешна вакцина.

Во ноември Европската агенција за лекови даде одобрение за вакцина на „Бајонтек“ за деца од пет години. Децата примаат третина доза од онаа наменета за возрасни.

извор:https://nezavisen.mk/skandal-vo-germanija-na-decata-im-dale-pogreshni-vakcini-protiv-kovid-19/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *