Кокаин билa белата супстанца поради која била евакуирана Белата куќа во неделата вечер, покажаа тестовите. Супстанцата била пронајдена во работна област на зградата за време на рутинска инспекција.
„Вашингтон пост“ прв ги објави прелиминарните наоди од тестирањето, кое било позитивно на кокаин.
Според Вашингтон пост, супстанцата била откриена во неделата, а количеството на дрогата било мало.
Портпаролот на Тајната служба Ентони Гулиелми изјави дека, по откривањето на сомнителниот прашок, функционерите кои се наоѓале во Белата куќа биле накратко евакуирани.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуљелми, не ги потврди наодите од првичното тестирање, додавајќи дека ќе бидат направени уште тестови и дека истрагата е во тек.
Извори од Белата куќа кажаа дека кокаинот бил пронајден во шкаф што редовно го користат вработените и гостите за да ги остават мобилните телефони.