Многу извештаи укажуваат дека припадниците на Ромската етничка заедница се соочуваат со тешкотии при добивањето на лични документи или со недостиг на истите. Сепак не постојат прецизни податоци за точна бројка на лица кои се соочуваат со ваков вид на проблем во Република Македонија и пошироко во регионот. Причината за непристапноста на Ромите до документи е од една страна неинформираноста како да дојдат до истите, а од друга страна и финансиската состојба на оваа етничка заедница
Овие позитивни активности треба да го адресираат циклусот на исклученост кој се пренесува генерациски и кој придонесува за поголема сиромаштија, социјална маргинализација, ниско ниво на образование, чести миграции, деца на улица, непристапност до инфраструктура и други негативни појави.
Со цел создавање на цврста основа и помагање на социјалното вклучување на маргинализираните Роми, меѓуресорска работна група координирана од Министерството за труд и социјална политика започна со Акција на терен за регистрирање на неевидентирани лица во матичните книги на родени.