• Sat. Nov 23rd, 2024

СИРИСКАТА АРМИЈА НАПРЕДУВА КОН РАКА

By

Mar 12, 2016 #Свет

Сириската војска и нејзините сојузници значително напредуваа против терористичката организација „исламска држава“ во југоисточните делови на Алепо и сега се движат кон реката Еуфрат и околните региони во провинцијата Рака.

Сириската војска, со поддршка на провладината палестинска милиција „Лива ел Кудс“ (Ерсалимска бригада), Националните одбранбени сили и баталјон на Арапската социјалистичка партија Баас, го обезбеди јужниот брег на езерото Ел Масканах, соопшти иранската агенција Фарс, пренесува Танјуг.

Владините сили во четвртокот го зазеле главниот штаб на ИД во северноисточните делови на градот Ханасер, над кој сириската армија неодамна ја врати контролата.

Претходно, сириската војска и доброолните единици ја вратија контролата над пет села во непосредна близина на градот, кога загинаа и ранети се десетина терористи, додека нивните возила и воена опрема беа целосно уништени.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *