• Sun. Nov 24th, 2024

Синоќа километарски колони на македонско-грчката граница по блокадите на бегалците и мигрантите.Од Утрово преминот деблокиран,протестите продолжуваат на кампот.

Стотиците тешки моторни возила кои синоќа беа заглавени на само 3 километри од македонско грчката граница доцна во ноќта успеаа да влезат на македонска територија.6 километарска колона беше создадена откако бегалците и мигрантите го блокираа патот и не пропуштаа возила да минат по патот кој води до македонската граница.Ноќеска откако грчката полиција по увидот  дека колоната станува се поголема,  возилата ги пренасочила кон стариот пат кој води пред македонската граница,па така и успеале да ја минат граничната бариера.Утрово во 10 часот грчката полиција ги растера сите бегалци од патот и овозможи проток на возила на патот Богородица – Солун.Но бегалците и утрово не се откажуваат ,протестираат во кампот.Тие покрај барањата ЕУ да ги отвори вартите за нив,  од утрово бараат помош и од таканаречените активисти за човекови права, кои се секојдневно покрај мигрантите и заедно бараат невозможни начини како да ја поминат македонската граница ,  а истовремено и заминат до  нивната крајна дестинација Германија.

Илегалните мигранти го блокираа патот со барање да биде отворена за нив македонско-грчката граница што е во спротивност со постигнатиот договор меѓу Брисел и Анкара кој почна да се применува од вчера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *