• Thu. Nov 21st, 2024

Симулативен пожар на Беласица, ќе „гасат“ пожарникари и од земјава и Грција

Симулативен пожар на Беласица, ќе „гасат“ пожарникари и од земјава и Грција

Пожар на Беласица, истиот започнува на територија на нашата теририторија  кој за кус период преминува на грчка страна. Денес и утре симулативната вежба организирана од страна на ЦУК по сценарио за оперативно користење на опремата од ИПА европски поект за Интегриран опертивен центар за хуманитарна помош – HELP, што вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи. Двата меѓусебно поврзани контејнери “Командни Центри – C4I”, заедно со медицински контејнер – “MED”

Раководителот на секоторт за меѓународна соработка кој е и одговорен за симулативната вежба смета дека истата е клучна , но и ќе ја подобри стратешката и оперативаната ефикасност на јавната администрација и јавните служби во управувањето со елементарните непогоди во пошироката прекугранична област преку обезбедување на интегрирано решение за техничка поддршка и управување со пост-катастрофални операции и логистика на терен.

Современите услови на живеење и работа како и се поактуелните климатски промени се причина за секојдневните закани од природни непогоди и поради тоа е неопходна навремена и ефикасна превентивна припрема и подготвеност за спроведување на мерките за заштита и спасување а тоа е и предуслов за спречување на настанувањето или за ублажување на последиците од природните непогоди и други несреќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *