Филаделфија ’76 му понудиле неверојатен договор на својот стартен плејмејкер, Бен Симонс.
Австралецот и франшизата наскоро ќе потпишат нов договор, според кој кошаркарот за пет години ќе заработи 168 милиони долари.
Филалделфија во драфтот на 2016 година го избраа Симонс како прв пик. Во изминатите две сезони тој имаше просек од 17 поени, 9 скока и 8 асистенции по натпревар.
Она што е голема мана во неговата игра е шутот, особено за три поени. Симонс иако бек речиси и да не шутира зад линијата 7,24 метри.
извор:makfax