Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ, штотуку информираа од Центарот за управување со кризи.
„Постои опасност од негово брзо ширење поради ветрот“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Поради сериозноста на ситуацијата, упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона.